Трамп предложи виза „златна карта“ од пет милиони долари за богати имигранти

26.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп предложи виза „златна карта“ од пет милиони долари за богати имигранти

Говорејќи во Белата куќа, Трамп рече дека таканаречената „златна карта“ ќе привлече богати луѓе кои би можеле да придонесат во економијата.

- Богати луѓе ќе влезат во нашата земја со купување на оваа карта. Тие ќе бидат богати и ќе бидат успешни, ќе трошат многу пари и ќе плаќаат многу даноци и ќе вработат многу луѓе, изјави Трамп.

На прашањето дали може да се пријават и руски олигарси, Трамп одговори: „Можно е“, додавајќи дека може да замисли и олигарси да бидат меѓу заинтересираните. „Мислам дека можат да си дозволат пет милиони долари“, додаде тој.

Трамп рече дека програмата ќе почне за околу две недели и е наменета да ја замени постоечката инвеститорска виза EБ-5, а истовремено да понуди и пат до државјанство.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата