СУРОВИ ПРАВИЛА на интимните односи во СРЕДНИОТ ВЕК: Една работа која денес е нормална се сметала за УЖАСНА

12.07.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СУРОВИ ПРАВИЛА на интимните односи во СРЕДНИОТ ВЕК: Една работа која денес е нормална се сметала за УЖАСНА

Сексуалните односи во средниот век биле во извесна смисла табу тема, иако многу од фактите што денес ги знаеме и во кои веруваме се митови.

Идејата што ја имаме за сексуалниот живот на средновековните луѓе е полна со митови и предрасуди, главно под влијание на литературата и филмската индустрија. Но, реалноста била многу посложена отколку што секој од нас може и да замисли. Историчарката Кетрин Харви, во својата книга „Огнени страсти“ разложува некои од вкоренетите идеи што ги имаме за сексуалните односи во средниот век.

Srednji Vek

Дали црквата имала нешто против сексуалните односи?

Иако го сметала за грев, црквата немала ништо против сексуалните односи меѓу сопружниците. Но, била против секс за задоволство, што го сметала за содомија. Концептот сега обично се поврзува со хомосексуални односи, но некогаш го подразбирал секој сексуален чин што не бил наменет за репродукција. Затоа оралниот и аналниот секс, како и мастурбацијата, се сметале за акти на содомија.

Во христијанскиот свет, содомијата, исто така, можела да претставува кривично дело. Властите во некои случаи биле многу благи – на пример, мажите можеле да имаат љубовници и да одат во бордели, додека во други околности активно ги прогонувале хомосексуалците.

 

Srednji Vek

По истата логика, проституцијата била дозволена и се сметала за „помало зло“. Јавните куќи биле сопственост на општините, за да можат надлежните да ги регулираат настаните во нив и да избегнат немири. Додека на проститутките – иако грешни жени во очите на црковните великодостојници – им биле обезбедени одредени безбедносни и хигиенски услови.

Митови: Појасот на невиноста и „droit du seigneur“

Нашата идеја за средновековната сексуалност е проникната со бројни митови. Два од најпознатите се појасот за невиност и правото на првата брачна ноќ или во лат. droit du seigneur.

Појасот за невиност наводно биле еден вид метални гаќички кои ги ставале на жените и ги спречувале да имаат секс. Тие биле заклучувани, а сопругот или вереникот го имале клучот, за да се избегне можноста за неверство во негово отсуство. Сепак, нема директен доказ за постоењето на појасот на девственоста, а тој директно се појавува само во литературните извори. Дополнително, од очигледни причини оваа практика би била исклучително заморна и би го отежнувала одењето во тоалет, а најверојатно би предизвикала сериозни повреди на интимните делови.

 

Srednji Vek

 

Друг голем мит е правото на првата брачна ноќ – според кое локалниот феудал имал право да ја помине брачната ноќ со туѓа невеста. Исто како и појасот на невиноста, се појавува само во литературните извори и за тоа нема конкретни историски докази, а уште помалку код кој ја прави оваа практика „легална“. Се разбира, тоа не значи дека немало злоупотреби од страна на властодршците.

Дали само невини сопружници би можеле да „влезат“ во брак?

Црквата секако ставила голем акцент на невиноста и на фактот дека треба да се стапи во брак невин, особено во случајот со жените. Теоретски, предбрачниот секс не требало да се случи, но реалноста била сосема поинаква.

Во случајот со мажите, во пракса се претпоставувалодека секој од нив веќе имал одредено сексуално искуство пред бракот. Тоа било толку изразено што во случајот на младоженците кои биле невини пред олтарот, имало осмнежи дека можеби е хомосексуалец или импотентен. Бидејќи целта на бракот била репродукција, и двајцата се сметале за непожелни – затоа искусен младоженец се сметал за пожелен.

Кога станува збор за жените, нивната невиност била императив. Ова не било чисто морално прашање, туку и практично во смисла дека во тоа време немало ДНК тестови кои би можеле да утврдат кој е татко на детето. Во пракса, сепак, постоеле начини – дури и опишани во медицинските трактати – да се „лажира“ невиноста, како што е ставање пијавици во вагината за да крвари за време на сексуалниот однос.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата