Сурфер се судри со ајкула- го погоди во глава: Добро што не ја отвори устата (ВИДЕО)

3.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сурфер се судри со ајкула- го погоди во глава: Добро што не ја отвори устата (ВИДЕО)

Дарен сурфал на плажата Њу Смирна, каде што често се гледаат разни видови морски предатори поради плитката вода и многуте риби. Тој ги „јавал“ брановите на својата даска, но немал поим што ќе се случи.

„Пулсот ми скокна на 150“

Во еден момент, сосема неочекувано, ајкула од семејството Carcharhinidae излета од водата и го удри сурферот право во главата!

„Завршив на даската, пулсот ми скокна на 150! Добро е што не ја држеше устата отворена, бидејќи така ловат. Се упатив кон брегот што побрзо можев“, рече тој подоцна.

Дарен во минатото преживеал сообраќајна несреќа и вака го опишува својот неверојатен судир со морскиот предатор, објавува Mirror.

„Оваа ајкула е навистина моќна“

„Ударот беше исклучително силен. Оваа ајкула е навистина моќна“, додаде тој.

Снимката од „блиската средба“е снимена со камера и брзо стана вирална на социјалните мрежи. Иако повеќето луѓе веднаш би се откажале, Дарен не дозволи ајкулата да го исплаши.

Тој брзо се врати на истата плажа, каде што се сретна со група сурфери и продолжи да ужива во „јавањето на брановите“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by nsbinlet (@nsbinlet)

Тие обично не се опасни

„Целиот викенд го поминавме така, сурфајќи од утро до попладне. Постојано имаше бранови“, рече сурферот.

Според достапните податоци, ајкулите од семејството Carcharhinidae обично не се опасни, иако во минатото каснувале луѓе. За среќа, немало фатални инциденти.

Нивните релативно мали заби се поприлагодени за фаќање риба отколку за „лов на сурфери“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата