Страв, гнев и вознемиреност најчести проблеми пријавени на линијата за помош на деца

24.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Страв, гнев и вознемиреност најчести проблеми пријавени на линијата за помош на деца

Минатата година на СОС бројот стигнале 208 повици, а поддршка добиле вкупно 222 деца и млади лица. 74,2 отсто од пријавите се однесувале на проблеми со  менталното здравје. 97 деца се пожалиле на страв и вознемиреност, 93 на тешкотии со гневот, а 79 деца изразиле длабока загриженост за себе. Според мегаши главните причини за овие состојби се нарушени односи меѓу родителите, особено по разводи, како и емоционалната нестабилност што произлегува од тие ситуации. Проблемите произлегуваат и од нарушените меѓуврснички односи, врснички конфликти или проблемите во односите меѓу наставниците и учениците.

Иако првата СОС линија за деца и млади е формирана во 1993 година, десет години пред првата интернационална линија, се уште не е хармонизирана со чајлд кер интернешнл, мрежата која ги обединува сите сос детски линии. Змијанац најавува наскоро и кај нас да профункцинира европскиот број 116 111.

На телефонскиот број за помош на млади имало и повици на граѓани од Кочани, кои познаваат некој во чие семејство има жртва од трагедијата во кочанската дискотека, а преку психолозите барале начин да им помогнат во пребродување на траумите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата