Објавено е од стјуардесата Лиана Кој од Конектикат, со предупредување дека не е за оние со слаб стомак.
Беше поставено со популарната мелодија „Nothing beats a Jet2 Holiday“, што дополнително го засили виралниот ефект, објавува Newsweek.
„Тој само ги остави“
Имено, Лиана снимила што оставил еден од патниците во авионот, а повеќето гледачи се прашувале како е можно некој воопшто да помисли дека таквото однесување е прифатливо.
Што пронашла стјуардесата? На видеото се прикажани исечени нокти, оставени на подот од авионот.
„Тоа се нокти од нозете. Патникот ги исече и само ги остави“, напиша видливо згрозената Лиана.
Осуда од сите страни
Таа претходно ги критикуваше другите непопуларни навики на патниците, како што е менувањето седишта, и верува дека ваквите постапки треба да се сметаат за „сериозен прекршок“.
Повеќето гледачи го осудија однесувањето на неименуваниот патник, верувајќи дека треба да му се забрани летање.
„Веднаш во затвор“, „Ставете го на црна листа“, „Кутрите луѓе што седат до него“, „Каков примитивец е тоа?“ се само дел од коментарите.