Американка пронашла скриени заплашувачки писма во подрумот, упатени до веќе починати сограѓани

29.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американка пронашла скриени заплашувачки писма во подрумот, упатени до веќе починати сограѓани

 Жителка на американската сојузна држава Мичиген, реновирајќи го својот дом, наишла на писма како од некој психолошки трилер-филм. Имено, откако нејзината куќа била оштетена од поплава, сопственичката и нејзините мајстори прво ги отстраниле старите тавански плочи во подрумот... Токму таму ги пронашла морничавите стари писма - адресирани до повеќе луѓе. Секоја од пораките има застрашувачки тон...

„Драга Мери Галагер, не излегувај предоцна или по мракот, затоа што може да имаш сериозна несреќа - сенка Икс“, гласи едно од писмата.

Според сопственичката Алаина, втората порака е уште подиректна. Тука читаме: „Подобро внимавај, затоа што ако не пазиш, ќе завршиш во еден од многуте ровови. И ако тоа се случи, тоа нема да биде моја вина (сфаќаш?)“.

Шокирана од откритието, пронаоѓачката одлучила да ги истражи имињата во писмата.

- Повеќето од луѓето до кои се адресирани писмата, починале мирно. Тоа ми даде малку мир, изјави Алаина.

Таа го сподели своето откритие на „Тикток“, па видеото надмина 350.000 прегледи. - Не очекував толку силна реакција. Многу луѓе ми велат да контактирам со полицијата, за што воопшто и не помислив на почетокот, признава таа.

Нејзиното момче верува дека писмата се всушност валкана шега од децата кои живееле во куќата во 80-тите. - Ни се чини како бизарна шега од минатото, поради малку детскиот начин на пишување и потписот „XXX Шедоу“, додаде Алаина.

Нејзините следачи, сепак, ја убедиле да се обрати до својот агент за недвижности, кој случајно, е и полицаец. Тој, пак, мисли дека писмата се, веројатно, дело на нестабилна личност од минатото. Денес, Алаина го гледа целиот случај поинаку. 

- Планирам да ги врамам (писмата) и да ги закачиме во подрумот. Тие сега се дел од приказната за оваа куќа, заклучи сопственичката.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата