Стјуардесата Грејс, која објавува на ТикТок под името @gh.inthesky, објави видео од тајна соба за одмор на екипажот во авионот, што предизвика бројни коментари.
„Дојдете и видете каде спие кабинскиот персонал во Боингот 787. Има простор за одмор во задниот дел од авионот, каде што има шест легла“, рече таа на почетокот на видеото, покажувајќи тесна соба до која патниците не можат да пристапат.
„Колку треба да платам за ова?“
Има три кревети еден до друг, одвоени со завеси, три се одвоени, со малку повеќе приватност. Секој кревет има ламба за читање, приклучоци, перници и чаршаф. Исто така, има место за складирање на личните работи, како и огледало.
@gh.inthesky Where do cabin crew sleep? #flightattendant #aviation #longhaul #fa ♬ Espresso - On Vacation Version - Sabrina Carpenter
Нејзиното видео предизвика мешани коментари. Некои се колнат дека не би влегле во таа соба дури и да им се плаќа: „Ова би ми предизвикало клаустрофобија“, „Дали има прозорци??“, „Како можеш да се одмориш во толку мал простор?“ Други, пак, се воодушевени и би сакале самите да спијат во оваа соба. „Ова би било најдоброто преспивање досега“, „Колку треба да платам за да спијам на овој лет?“, ѝ напишале тие.