Старбакс треба да му исплати 50 милиони отшета на маж- си ги изгорел гениталиите со врел чај

18.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Старбакс треба да му исплати 50 милиони отшета на маж- си ги изгорел гениталиите со врел чај

Жителот на Лос Анџелес, Мајкл Гарсија, тешко се изгорел во 2020 година, откако топли пијалаци завршиле во неговиот скут, тврди тој.

Адвокатот Мајкл Паркер рече дека неговиот клиент испил три чаја и дека ниту еден од нив нема целосно прицврстени капаци. Откако Гарсија ја примил нарачката, пијалоците се истуриле по него, нагласи тој.

Гарсија, понатаму се тврди, бил подложен на кожни трансплантации и други процедури на неговите гениталии, објави Си-Ен-Ен.

За време на изрекувањето на пресудата било кажано дека претрпел физичка и душевна болка, понижување, срам, физичко оштетување, вознемиреност, емоционален стрес и бил лишен од животните задоволства.

Старбакс објави дека ќе се жали на одлуката на поротата.

„Сочувствуваме со г-дин Гарсија, но не се согласуваме со одлуката на портотата дека ние сме виновни за овој инцидент и веруваме дека одлуката за компензација е премногу сурова. Отсекогаш сме биле посветени на највисоките безбедносни стандарди, кои се однесуваат и на ракување со топли пијалаци“, рече портпаролот на Старбакс.

Како што објави Си-Ен-Ен, овој случај потсетува на тужба против синџирот ресторани Мекдоналдс во 1994 година, кога Стела Либек истурила врело кафе во скутот, предизвикувајќи изгореници од трет степен. Судот наредил таа да биде обештетена со три милиони долари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата