Компанијата ја презема оваа мерка како дел од планот за реструктуризација со цел обнова на брендот, вклучително и побрзи услуги за клиентите во продавниците.
-Ова ја вклучува и тешката одлука да се укинат 1.100 актуелни работни места за подршка, како и неколку стотици дополнителни отворени и непополнети позиции, изјави Никол во пораката. „Правиме поедноставување на нашата структура, го намалуваме преслојувањето и дуплирањето, и создаваме помали, пофлексибилни тимови. Нашата цел е да работиме поефикасно, да ја зголемиме одговорноста, да ја намалиме комплексноста и да обезбедиме подобра интеграција. Сето тоа со намера да бидеме пофокусирани и да имаме поголемо влијание врз нашите приоритети.
Отпуштањата не ги засегаат оние кои работат во малопродажба во рестораните, како што се бармените и останатиот персонал, соопшти Старбакс. Известувања за тоа кој останува без работа се очекува да бидат испратени денеска.
Старбакс презема и други чекори за подобрување на перформансите на своите ресторани по серијата квартални падови на продажбата. Тоа вклучува и намалување на 30 отсто од своето мени за пијалаци и храна. /МИА