Бранко е инвалид и ги нема долните делови од нозете. Едиснтвено движење му е количката. Тој сега живее пензионерскиот дом во Чаир но раскинување на договорот добил бидејќи според решението на ПИОМ, а претходно со писмен допис од директорот на домот дека во собата на Бранко живееле луѓе кои не биле наведени во договорот. Бранко објаснува дека не било вистина дека тука живееле луѓе, точно е дека му доаѓале гости кои му помагале за пазарање, а често и во вечерните часови имал посети, бидејќи не можеле преку ден да му донесат лекови и други намирници. Неговите маки почнале од како тој бил ограбен и пријавил во полиција од тогаш се сменил одност на дел од раководството и бил обвинет дека носел луѓе во неговата соба.Тој во домот живее седум години.
Од ПИОМ за канал 5 излегоа со одговор дека за Милевски било реагирано и од страна на станари и управителот на домот дека во неговата соба живееле и други лица. Од ПИОМ објаснија дека уште еднаш ќе ја разледаат жалбата на Милевски.
Од ПИОМ најавија дека во сите пензионерски домови ќе се прави ревизија кој се е станар и дека треба да се стави ред.