„Скалила кон небото“ во Кина: Луѓе висат над бездна длабока 1.500 метри (ВИДЕО)

1.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Скалила кон небото“ во Кина: Луѓе висат над бездна длабока 1.500 метри (ВИДЕО)

Наменет е за најхрабрите туристи, желни за адреналинска возбуда, а поставен е над бездната длабока 1.500 метри.

Популарната „небесна скала“ се наоѓа на планината Чисинг, во провинцијата Хунан.

Заинтересираните се качуваат на скала сместена меѓу две карпи, а се обезбедени со кациги и појаси.

На интернет можете да најдете видеа од луѓе кои биле доволно храбри да се најдат на „небесната скала“.

Исто така, постојат одредени ограничувања. Имено, атракцијата е забранета за луѓе со висок крвен притисок и срцеви заболувања, пренесува New York Post.

Моментално е достапен само за претставниците на медиумите и инфлуенсерите, а за две недели и официјално ќе биде отворен. Билетот се очекува да чини околу 100 долари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата