Тие уживале на бродот, а потоа небото се смрачи. Почна да врне, додека ветрот наеднаш се засили, пренесува Метро.
По некое време, невремето драстично се влошило. Тогаш Брајан Џонсон и неговиот пријател сфатиле дека се упатуваат директно кон торнадо. Немале друг избор освен да се прекрстат и да се надеваат на најдобро.
„Ако паднеш, одам по тебе“, се слуша на видеото кое кружи на социјалните мрежи.
Рибарите биле решени да останат во пловилото, додека ветерот го нишал лево-десно. Биле исплашени, целосно мокри, но некако преживеале.
По драматичното искуство, Брајан објаснил што се случило.
„Бевме на риболов и бевме фатени во торнадо. Поминавме низ него и преживеавме. Господ нѐ спаси“, рекол рибарот.
Националната метеоролошка служба потврдила дека торнадо ЕФ-3 подоцна го допрело автопатот 124 во округот Чемберс. Едно лице е повредено, а налетите на ветрот урнале столбови од електрична мрежа.