Синдикатот ВЕРДИ против укинување на осумчасовното работно време во Германија

1.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Синдикатот ВЕРДИ против укинување на осумчасовното работно време во Германија

Шефот на синдикатот Верди, Франк Вернеке, предупредува дека со ова би се  овозможила непрекината работа од 13 часа и тоа би било законски дозволиво, а оптоварувањето на илјадници вработени во многу бранши почнувајќи од трговијата, ќе стане неподносливо.

Според коалицискиот договор, идната германска влада на унијата ЦДУ и ЦСУ и СПД сака да создаде можност за неделно наместо дневно максимално работно време. 

Притоа би требало да се задржат стандардите за безбедност при работа и тековните прописи за паузи и одмор.

Осумчасовниот работен ден во Германија е во сила од 1918 година. И  само во исклучителни случаи се можни десет часа дневно. Според Вернеке „под маската на наводно намалување на бирократијата“ ќе бидат нападнати социјалната држава и заштитените права.

Во Германија не се работи премалку. „вработените имаат 600 милиони часови прекувремена работа и не можат да ги намалат поради обемот на работа“, нагласува вернеке.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата