Шпанската Влада одобри пократка работна недела

5.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шпанската Влада одобри пократка работна недела

Советот на министри денеска усвои нацрт-закон, кој двата најголеми синдикати (ЦЕОЕ и УГТ) го опишаа како историска мерка, од која потенцијално би имале корист 12 милиони работници.

Шпанската министерка за труд, Јоланда Дијаз истакна дека тоа е историски ден бидејќи е прво намалување на работното време во изминатите 40 години.

- Тоа не е само уште една економска варијабила, туку проект за земјата и мерка за модернизација на Шпанија, истакна лидерката на левичарскиот сојуз Сумар, Дијаз.

Додека најголемото здружение на работодавци ЦЕОЕ го отфрли предлог-законот и повика на постепено намалување на работното време и колективно договарање. Според нив мерката најмногу ќе ги погоди малите бизниси и самовработените.

Владата на Педро Санчез тврди дека најголемите придобивки ќе имаат работниците кои не се опфатени со колективни договори, што е најзастапено во секторите трговија, услуги и угостителство.

Предлог-законот треба да биде усвоен од Парламентот, каде Владата на Санчез ќе треба да ја обезбеди потребната поддршка. Законот може да се најде пред пратениците кон крајот на февруари или почетокот на март. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата