Редовниот секс го намалува високиот крвен притисок подеднакво ефикасно како и лековите - покажало најновото истражување презентирано на Државниот универзитет во Грузија. Во истражувањето учествувале испитаници кои во текот на сексот носеле апаратчиња за следење на работата на срцето.
Истражувачите го забележувале варирањето на систолниот притисок при доживување на оргазмот и тој се движел од 66 до 106, а просекот бил 87.
Лицата кои имале секс ден потоа имале за 13% понизок систолен притисок, објавија научниците како доказ дека редовниот секс делувал исто како и таблета за намалување на притисокот.
„Колку оргазмот бил подобар и поинтензивен, толку понизок бил притисокот наредниот ден“, велат истражувачите од грузискиот универзитет. Тие сметаат дека сексот делува на притисокот така што го поттикнува лачењето на хормонот окситоцин, кој уште се нарекува и хормон на среќата и е познато дека го намалува стресот. Покрај тоа, многу истражувања веќе покажале дека редовниот секс го зајакнува имунитетот. Редовниот и добар сексуален живот ќе придонесе за попозитивен поглед на светот, ќе ви го намали нивото на стрес, а како редовна физичка активност ќе ве одржува во добра форма.