Секое дете заслужува повеќе од едно срце кое може да го нарече дом: Тетките и чичковците се многу значајни за развојот на детето, покажува истражување

22.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Секое дете заслужува повеќе од едно срце кое може да го нарече дом: Тетките и чичковците се многу значајни за развојот на детето, покажува истражување

Новите истражувања покажуваат дека тетките и чичковците  се многу значајни во растењето на детето, а дека по родителите, детето токму во нив бара поддршка.

Децении наназад на поширокото семејство и другите грижливи возрасни гледавме како на споредни ликови – забавни луѓе, луѓе за празници, оние „кога ќе пораснеш“ луѓе. Но истражувањата за развојот на децата кажуваат нешто друго.

Децата не добиваат корист само од повеќе возрасни кои ги сакаат. Нивниот мозок е создаден да расте заедно со нив, и науката е изненадувачки доследна.

Човечката еволуција се темели на заедничко одгледување на деца. Поголемиот дел од историјата, децата активно ги одгледувале тетки, баби и дедовци, роднини и соседи. Антрополозите кои ги проучувале ловечко-собирачките заедници откриле дека децата имале од 8 до 14 редовни негуватели, многу пред да постои „нуклеарното семејство“.

Детскиот мозок не проверува титули, туку сигурност, и окситоцинот расте со секој топол и присутен возрасен.

Кортизолот опаѓа кога ќе се појави возрасен на кој детето му верува, мозокот реагира на поврзаност, а не на биологија.

Една вклучена возрасна личност може да го промени целиот тек на животот на детето. Децата кои имаат барем една стабилна возрасна личност надвор од родителите имаат двојно поголеми шанси да напредуваат и покрај тешкотиите.

Речиси две третини од успешните тинејџери наведуваат возрасна личност која не е родител како големо влијание во животот. Емоционалната сигурност, се покажува, се гради со време.

Овие врски создаваат посебен вид сигурност поширокото семејство често не е тука за да наметнува правила. Тие нудат присуство без притисок – онаа врска кон која децата трчаат кога светот станува премногу гласен.

Сите ја паметиме онаа една возрасна личност што навистина нè видела, тетка која поставувала вистински прашања, вујко кој се појавил кога било најважно. Кум или кума поради кои си се чувствувал вредно и сослушано. Тие мали, доследни моменти не исчезнуваат – тие оставаат трага.

Не мораш да бидеш родител за да го промениш животот на едно дете, доволно е да се појавиш со стабилност, внимание и вера во него.

Заедницата не е само сентиментална идеја, тоа е развојна предност. И секое дете заслужува повеќе од едно срце кое може да го нарече дом.

Фото: Ratna Fitry/Pixabay

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата