Во денешно време, врските и браковите честопати делуваат покомплицирано од порано, изложени се на бројни влијанија, меѓу кои и социјалните медиуми и апликациите за запознавање. Иако романсата може да започне спонтано, долгорочната врска бара секојдневен труд и свесен избор.
Брачниот терапевт д-р Никол ЛеПера предупредува на обрасците на однесување кои би можеле да укажуваат на проблеми во врската, пренесува “Times of India”.
Вклучување на семејството во проблемите со врската
„Често се жалат пред членовите на семејството за своите партнери. Ако партнерот изрази непријатност поради членовите на нивното семејство, тоа би го отфрлиле или игнорирале“, објаснува терапевтот.
Изнесувањето на проблемот надвор од врската може да ја наруши довербата и да создаде чувство на предавство кај партнерот. Брачните советници ја нагласуваат важноста на поставувањето граници и решавањето на проблемите во врската. Здравите парови ја штитат својата приватност и работат заедно за да најдат решение.
Игнорирање на проблемот наместо негово решавање
„Конфликтите проследени со молчење како казна или бесконечни разговори во круг не решаваат ништо. Ништо без искрено извинување или промени во однесувањето“, вели д-р ЛеПера. Овој пристап ги продлабочува проблемите и ги оддалечува партнерите. Извинувањата без промени во однесувањето не водат до вистински напредок. Психолозите истакнуваат дека клучот е во преземањето одговорност и отворената комуникација.
Само едно лице вложува труд
„Едниот од партнерите многу повеќе вложувал во врската отколку другиот. Сакал да разговара, да планира заедно и да работи на промените, а другиот бил затворен и покажувал слаб интерес“, објаснува терапевтот. Нерамнотежата во врската може да доведе до исцрпеност и фрустрација. Односите функционираат најдобро кога се вложува заеднички труд. Недостатокот на интерес од едниот партнер често е знак на подлабоки проблеми.
Шеги што повредуваат
„Ситното потсмевање, особено пред други луѓе, ја поткопува довербата и создава непријатност кај другите. Со тек на време, ваквите „шеги“ водат до огорченост“, наведува д-р ЛеПера. Јавното исмејување на вашиот партнер го нарушува неговото достоинство. Хуморот треба да ја зајакне врската, а не да ја поткопа. Долгорочно, таквото однесување може сериозно да ја оштети интимноста.
Очекување на совршен партнер
„Постоеше и очекување за совршенство. Тие тешко прифаќаа дека нивниот партнер е човечко суштество со недостатоци“, вели терапевтот. Ваквите очекувања создаваат притисок и чувство на несигурност во врската. Таа нагласува дека прифаќањето поттикнува сигурност и поврзаност. Вистинската блискост се базира на прифаќање на несовршеностите.
Очекување партнерот да чита мисли
„Постоеше очекување дека партнерот треба „едноставно да знае“ што сакаат или што им е потребно, без директна комуникација“, објаснува д-р ЛеПера. Неискажаните потреби честопати водат до разочарување и огорченост. Јасната комуникација е клучна за здрава врска. Паровите кои отворено ги изразуваат своите потреби имаат поголема веројатност да ги решат несогласувањата.
Задушување на личниот раст
„Партнерството значи одново и одново прифаќање на новата верзија од личноста што ја сакате. Кога едниот партнер не расте или се лути поради напредокот на својот партнер, самата врска престанува да расте“, забележува терапевтот. Оваа жена-терапевт нагласува дека здравите врски вклучуваат меѓусебна поддршка во личниот раст. Ограничувањето на партнерот може да создаде незадоволство и стагнација. Односите напредуваат кога двајцата партнери растат заедно.

