Прво почнале да кашлаат, а мажот тврди дека ја изгубил косата и добил акни. Клупкото почнало да се расплеткува кога сфатил дека шест месеци не платил сметка за вода, а не била исклучена.
Тан го прегледал водомерот и утврдил дека нешто не е во ред. Имено, колку и да ја одвртувал славината, состојбата на броилото не се менувала.
Тогаш решил да го повика водоинсталатерот, не знаејќи што го чека.
Експертот наводно утврдил дека имало дополнителна цевка, која Тан не ја забележал, која ги поврзува тоалетот и цевките за вода од чешмата, пишува Daily Mail.
Тоа би значело дека станарите шест месеци користеле вода што не се пие?! И не само тоа, тие ја користеле за готвење и капење.
Couple horrified to discover they’ve been drinking toilet water for 6 months https://t.co/48rYGE3sbv pic.twitter.com/pfkMKREQjx
— New York Post (@nypost) November 30, 2023
Водоинсталатерот го решил проблемот, но Тан бара паричен надомест од агенцијата за изнајмување.
Од друга страна, неименуваната агенција истакнува дека станарите имале можност да користат вода за пиење или вода од блискиот бунар со прилагодување на вентилот. Но, Тан и неговата девојка тврдат дека не го знаеле тоа.
Од агенцијата додаваат дека водата од бунарот поминала тестови за квалитет во март, но сепак е наменета за испирање на тоалети и полевање на растенија.
Преговорите за можното обештетување се во тек.