На видеото се гледа како жената, 27-годишната Пијатида (презимето не е објавено), се наведнува од болка, ги држи рацете на колковите и се сопнува. Во еден момент ги соблекува панталоните и се витка покрај паркиран автомобил, оставајќи нешто зад саксиите со растенија, пренесува Dailymail.
После тоа, таа полека заминува и се враќа на прославата, која се одржа пред комплексот Роцарин во областа Дон Муанг, на 14 април.
Во шестминутната снимка, подоцна се гледаат група минувачи како ја истражуваат областа каде што е пронајдено бебето. Иако новороденчето било живо кога било откриено и веднаш биле направени обиди за реанимација, за жал новороденчето не преживеало.
Според очевидци, Пјатида набрзо била видена како се плиска со вода и слави со пријателите, додека крв ѝ капела по нозете. Кога се соочила со ситуацијата, таа првично негирала дека е мајка на детето, но подоцна ја признала вистината и итно била пренесена во болница.
Медиумите покажуваат дека имало траги од крв на ѕидовите и растенијата на местото каде што било оставено бебето. Пијатида на распитот била под дејство на алкохол и рекла дека веќе има две деца и двајца поранешни сопрузи. Децата моментално се под грижа на роднините на нејзините поранешни партнери.
Woman gives birth during street festival and leaves the baby to die as she parties on https://t.co/s7rCo6Julv
— Daily Mail Online (@MailOnline) April 22, 2025
Полицијата засега не може да го продолжи сослушувањето бидејќи жената-монструм се уште е хоспитализирана поради сериозна загуба на крв. Одговорниот службеник на полициската станица Дон Муанг, полковник Фувадон Аонфо, потврди дека жената ќе биде изведена пред лицето на правдата штом ќе биде здравствено стабилна.
Нејзината 20-годишна пријателка Ам за медиумите изјавила дека го прекинала контактот со Пијатида по шокантното породување, велејќи дека не може да ја оправда таквата суровост.
Ам изјавила дека забележала дека Пијатида е бремена и ја прашала дали е сигурна дека сака да оди на фестивалот. Таа, сепак, тврдела дека „штотуку се здебелила“, пренесуваат локалните медиуми.