Во пресрет на претстојниот празник се очекува зголемена фреквенција на возила и патници на патиштата кон туристичките и излетничките места, затоа потсетуваме:
•Не возете под дејство на алкохол! – Алкохолот ја намалува способноста за реакција и ја зголемува веројатноста за несреќи со тешки последици.
•Возете одморени – бидејќи возењето под замор е опасно исто како возењето под дејство на алкохол.
•Почитувајте ги ограничувањата на брзината – Прилагодите ја брзината според условите на патот, времето и фреквенцијата, односно густина на сообраќајот.
•Секогаш користете сигурносен појас – Ова важи и патниците на предните и на задните седишта.
•Не користете мобилен телефон додека возите – Фокусот секогаш треба да е на патот.
•Планирајте го патувањето однапред – Проверете ја состојбата на патиштата, избегнувајте замор и правете паузи при подолги патувања.
•Возачите на мотоцикли и мопеди и лицата кои се превезуваат на истите задолжително на глава да носат сигурносна опрема - кацига.
Почитувајте ги пешаците и велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот и не заборавајте – секој изгубен живот на патиштата е ненадоместлива загуба! Затоа, да празнуваме со почит кон животот и здравјето, бидејќи безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност на сите нас!
РСБСП ви посакува среќни и безбедни првомајски празници.