Родени кралски кученца: „Децата на Вилијам и Кејт се надеваат дека ќе можат да ги задржат !“

24.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Родени кралски кученца: „Децата на Вилијам и Кејт се надеваат дека ќе можат да ги задржат !“

По тешкиот период во семејството, малку среќа во домот на британскиот принц, нивното куче Орла се окучи и донесе голема радост посебно кај  нивните три деца.

Принцот Вилијам и принцезата Кејт деновиве имаат полни раце работа. Нивното сакано куче Орла неодамна доби кученца, пренесуваат странските медиуми. Извор близок до парот рекол дека кучето, црн кокер шпаниел и нејзините кученца се добро.

И тоа е голема радост за децата на Кејт и Вилијам, вели изворот, додавајќи дека принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот се толку воодушевени од кученцата што се надеваат дека ќе можат да ги задржат сите.

Семејството ја доби Орла во 2020 година, откако Џејмс Мидлтон, братот на принцезата Кејт, му подари на семејството кученце од неговото куче Луна.

Името Орла е старо келтско име што значи „златна принцеза“. Пред Орла, Кејт и Вилијам имаа и црн кокер шпаниел по име Лупо. Го добија и од Џејмс, во 2011 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата