Една од најдолгите риби во океаните може да порасне до осум метри. Се нарекува „риба на судниот ден“ бидејќи во некои легенди и приказни се смета за предвесник на несреќа, пишува Гардијан. Сибил Робертсон наишла на оваа необична глетка вчера додека шетала по плажата Оушн во близина на Страхан, Тасманија.
„Беше фантастично“, рекла таа, иако во тоа време не знаела што е тоа. „Едноставно знаев дека е нешто необично и чудно“. Но, набрзо открила дека станува збор за риба-веслач.
„Исклучително е невообичаено да се види нешто такво“, рекол вонредниот професор Невил Барет, морски еколог од Универзитетот во Тасманија. Рибите-веслачи се „епипелагичен“ вид, објаснил тој, што значи дека живеат на отворен океан на длабочина од 150 до 500 метри, каде што ретко се гледаат или ловат.
Рибите-веслачи се „феноменално големи риби“, рекол тој, и можат да тежат повеќе од 400 килограми. Тој ги опиша како мрзливи риби со многу малку мускули кои претежно лебдат во водата, често исправени, хранејќи се со различни видови планктон. „Тие не се активни предатори. Не го ловат својот плен. Тие само грицкаат од она што е во близина. Затоа не мора да бидат многу силни или добри пливачи“, рече тој.
NATURE
— Grouse Beater (@Grouse_Beater) June 3, 2025
Rare oarfish washed up on Tasmanian beach
Oarfish, one of the ocean’s longest fish, are astonishing creatures that grow up to eight metres long. Nicknamed the “king of herrings” or more unkindly the “doomsday fish”, some legends and stories consider the animals to be… pic.twitter.com/QJWf8Gupu6
Многу малку луѓе ја виделе рибата-веслач во нејзиното природно живеалиште. Морскиот биолог Јорја Гилмор е една од ретките среќници.
Во 2022 година, таа водеше мала група нуркачи на Големиот корален гребен кај Порт Даглас кога забележаа нешто необично во водата под нив. Тоа беше младенче, долго и тенко како линијар.
Се верува дека оваа исклучително ретка средба е првиот регистриран контакт со овој вид на источниот брег на Австралија. „Сè уште е најдоброто нешто што некогаш сум го видела во водата“, рече Гилмор.
Робертсон се смета за среќна што наишла на риба во толку добра состојба. Неколку часа подоцна, главата ја немаше, а телото веќе беше растргнато од врани и орли, рече таа. „Неверојатно е што можете да најдете ако само ги држите очите отворени и погледнете наоколу. Навистина е неверојатно.“
Каква риба е тоа?
Тоа е вид коскена риба за која долго се веруваше дека изумрела пред околу 66 милиони години, заедно со диносаурусите. Сепак, во 1938 година, жив примерок беше откриен покрај брегот на Јужна Африка, што предизвика големо изненадување во научната заедница. Оваа риба е таканаречен „жив фосил“ бидејќи нејзиниот вид не се променил значително со милиони години.
Се карактеризира со своите лобусни перки, кои личат на екстремитетите на копнените животни, што ја прави особено интересна за научниците во проучувањето на еволуцијата. Поврзана е со древна (и неточна) јапонска легенда дека „претскажува земјотрес“, поради што го добила името „риба на судниот ден“.
Имено, според јапонската митологија, овие риби се издигнуваат на површината и „се насукуваат пред земјотресот“, а веста дека рибата е забележана во плитки води ги загрижила мештаните. Стравовите беа дополнително зголемени од фактот дека рибите почнаа да се исфрлаат на брегот две години пред катастрофалниот земјотрес и цунамито во Фукушима, што се случија во 2011 година.
Иако научниците ја побија оваа идеја и добро е познато дека земјотресите не можат да се предвидат, митот е сè уште присутен.