Хасан Џангур, 25, е обвинет дека удрил пет лица со својата Сеат Ибица кога пристигнал на свадбата на неговата сестра во 2023 година, каде што избувнала тепачка меѓу двете семејства.
Крунскиот суд во Шефилд денеска слушна дека Хасан го удрил со својот автомобил таткото на соперничкото семејство Кан, кој стоел на улицата, фрлајќи го преку хаубата.
Потоа налетал на група од четири лица, вклучувајќи го и Крис Мариот, кој поминувал и застанал да ѝ помогне на една од сестрите на Хасан додека лежела на патот.
На судот му било кажано дека Мариот е убиен, а тројца други се повредени, вклучувајќи ја старосватицата Алисон Норис и мајката и сестрата на Хасан, објави Дејли Меил.
Потоа Хасан наводно излегол од возилото и неколку пати го избодел својот нов зет, Хасан Кан.
„Затоа, не се задевајте со Џангурите“, наводно им рекол Хасан на полицајците во станицата по неговото апсење.
Џангур негирал убиство, но се изјасни за виновен за опасно возење во врска со смртта на Мариот. Тој, исто така, негираше дека се обидел да го убие Хасан Кан, кој се оженил со неговата сестра Амани.
Судот слушна дека невестата Амани се скарала со својата мајка пред свадбата и никој од нејзиното семејство не бил присутен на церемонијата утрото на трагедијата.
Според извештаите на медиумите, Хасан се одвезол до куќата на младоженецот и прво го соборил неговиот татко, Ријазат Кан. Потоа се втурнал во групата и го убил Мариот, пред да го нападне Хасан Кан со нож и да го избоде неколку пати.
„Мариот се обидуваше да помогне. Токму таа добродушност ненамерно го доведе среде семејна расправија во која е вклучен обвинетиот Хасан Џангур“, рече обвинителот.
Судењето продолжува и се очекува да трае две недели.