ПУКАЛЕ НА СВАДБАТА И ГО ПОГОДИЛЕ МЛАДОЖЕНЕЦОТ: Видео од крвавата свадба кружи на интернет (ВИДЕО)

22.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПУКАЛЕ НА СВАДБАТА И ГО ПОГОДИЛЕ МЛАДОЖЕНЕЦОТ: Видео од крвавата свадба кружи на интернет (ВИДЕО)

Гостин на свадба случајно го застрелал младоженецот во гради.

Иако трагедијата се случи на 30 август, видеото од инцидентот деновиве почна да кружи на социјалните мрежи.

На видеото може да се види како еден гостин постојано танцува и пука во воздух, но во екстаза во еден момент малку го спуштил оружјето.

Невнимателно повторно почнал да пука, а еден куршум го погодил младоженецот во градите, кој веднаш паднал на подот.

Младоженецот набрзо починал. Гостинот кој пукал во него веднаш бил уапсен, а полицијата му го одземала оружјето.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата