Според него, месец јануари е периодот кога најчесто се појавуваат проблеми што биле потиснувани со месеци. „Во јануари редовно ја слушам истата реченица: „Ние сме цимери кои повремено имаат секс, а не партнери“. Барањата за брачна терапија тогаш се зголемуваат и до 200 проценти“, вели Мичел.
Зошто после Божиќ?
Иако самите празници не предизвикуваат проблеми, мноштвото обврски и емоции што ги носат можат да ги интензивираат. Тука е купувањето подароци, патувањата, семејните собири, детските одговорности, подготовката на храна и често зголемената консумација на алкохол. Сето ова создава континуиран притисок, а тензиите најчесто се истураат врз личноста што е најблиску до нас.
Мичел објаснува дека интензивниот празничен ритам тера многу парови за прв пат во годината да забележат колку се оддалечиле. „Празниците не предизвикуваат „пукнатини“ - тие само ги прават видливи“, вели тој.
Истражувањата покажуваат дека околу 22 % од брачните парови во САД планираат или започнуваат терапија поради празничниот стрес, потврдувајќи дека тоа е честа појава, но и често занемарена.
Како да се подготвите?
Експертите советуваат паровите да се обидат:
отворено да комуницираат за очекувањата
да ги поделат одговорностите
да одвојат време за себе
да го ограничат алкохолот
да договорат „паузи“ од семејните собири.
Празниците можат да бидат предизвик, но со мало планирање и искрен разговор, паровите може да ги искористат за поврзување, а не за разделба.

