Сите сме склони кон претпоставката дека колку луѓето изгледаат подобро, толку повеќе понуди добиваат. Но, дали митот дека убавината подразбира поголемо сексуално задоволство е вистинит? Еве го одговорот.
Американскиот социјален психолог Џастин Лемилер ги разгледувал научните истражувања за да открие дали атрактивните луѓе имаат повеќе сексуални партнери и пронашол три различни студии кои доведувале до истиот заклучок – да, за ова пишува Дејли меил.
Атрактивните луѓе веројатно имаат повеќе можности од другите. Негативната страна на ова е дека ваквата свест веројатно може да направи помалку да се трудат околу една личност.
Не постојат докази дека убавината го зголемува сексуалното задоволство: Неколку студии ја истражувале врската помеѓу физичката привлечност и сексуалното задоволство. Не е пронајдена корелација помеѓу убавината и задоволството, важни биле факторот комуникација, емоционалната поврзаност и сексуалната компатибилност. Друга студија покажала дека за сексуалното задоволство поважна е нашата сопствена перцепција за привлечноста што ја поседуваме, отколку нашата вистинска физичка убавина.
Компатибилноста во кревет е подобра од добриот изглед: Она што го сакаме во сексот и што го добиваме има далеку поважна улога од изгледот. Ако сте авантуристички љубовник кој сака секс на отворено, нема да биде важно колку е убава некоја ако е заинтересирана само за секс во темница и во кревет. Едно истражување покажало дека иако изгледот влијае на почетната привлечност, има минимално влијание врз задоволството во долгорочната врска или во сексуалната компатибилност. Убавината може да ги зближи луѓето, но не гарантира исполнет секс.
Да се биде пожелен ја зголемува сексуалната самодоверба: Сознанието дека сте попривлечни од една просечна личност значи и поголема самоувереност. А тоа ве става чекор пред останатите кога станува збор за уживањето во сексот. Значаен преглед од 2012 година на 57 студии, кој опфаќал две децении истражување, пронашол значајна поврзаност помеѓу сликата за сопственото тело и речиси секој фактор поврзан со сексот: возбудата, желбата, оргазмот, зачестеноста и сексуалната самопочит. Друга неодамнешна студија го истакнала чувството на пожелност како број еден што ги возбудува жените. Истражувачите испитувале 662 хетеросексуални жени во врска за да откријат кои фактори ги им ја зголемуваат желбата за својот партнер. Тоа што нивниот партнер ги сметал за привлечни и пожелни бил најважен фактор во одредувањето на нивната желба.
Просечните луѓе исто така можат да бидат самоуверени: Само затоа што изгледате привлечно не значи дека се чувствувате привлечно. Чувството на пожелност е став, а не изглед. Многу луѓе со совршени тела се оптоварени со воочените несовршености. Самодовербата е она што е навистина важно. Луѓе од сите облици, големини, луѓе со просечен изглед можат да имаат самодоверба и да бидат самоуверени.
И луѓе кои изгледаат добро можат да бидат анксиозни и загрижени: Оние кои се благословени со убавина честопати се остро свесни дека нивниот највреден имот - нивниот изглед - еден ден ќе исчезне. Исклучително убавите луѓе честопати добиваат комплименти само за нивниот изглед: малкумина гледаат што друго имаат да понудат. На просечен маж или жена поверојатно е да им се каже дека се забавни, паметни или љубезни. Врз изгледот влијае здравјето, тежината, времето, парите, кондицијата - цела низа работи, кои се надвор од наша контрола. Помалку е веројатно дека карактеристиките на личноста ќе се променат со текот на времето.
Сепак, заклучокот од главниот дел на истражувањата е дека добриот секс подразбира постоење хемија и поврзаност. Убавината може да биде привлечна, но изгледот игра изненадувачки мала улога во сексуалната среќа и задоволство.

