Пронајдено е изгорено женско тело со траги на белило во грлото- требало да сведочи на суд во Аризона

31.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пронајдено е изгорено женско тело со траги на белило во грлото- требало да сведочи на суд во Аризона

Маж е обвинет од властите дека со пиштол ограбил егзотична танчерка од Аризона и ја убил.

Куџо Јанг е обвинет за убиство од прв степен, заговор за убиство, киднапирање, палење, вооружен грабеж и други кривични дела, според обвинението поднесено во Вишиот суд на округот Марикопа на 24 јули, а до кое дојде списанието „Пипл“.

Во обвинението е именуван и Сенсер Хејс, кој бил уапсен во ноември 2024 година во врска со убиството на Мерцедес Вега, која имала 22 години, во 2023 година. „Пипл“ потврди дека Хејс е обвинет овој месец по истите обвиненија како и Јанг. Името на третиот осомничен е прекриено во обвинението.

„Пипл“ не можеле веднаш да ги идентификуваат адвокатите на осомничените. Исто така, не е познато дали се изјасниле за виновни. Според „АЗ Фемили“, Јанг во вторникот, 29 јули, изјавил дека планира да се застапува сам на претстојните рочишта.

Властите велат дека Мереседес Вега била киднапирана од паркингот на нејзината куќа во Тампа на 16 април 2023 година, а нејзиното тело било пронајдено следниот ден во запален автомобил, според судските документи. Обдукцијата утврдила дека Вега претрпела траума од тап предмет и била застрелана, а медиумите, исто така, објавија дека во грлото ѝ било истурено белило.

AZ Family известува дека обдукцијата, исто така, утврдила дека Вега починала од вдишување чад, што укажува дека била жива кога започнал пожарот.

Таа требало да сведочи на суд

Според судските документи цитирани од NBC News, Вега требало да сведочи во случај на вооружен грабеж во кој бил вклучен Јанг на денот кога била пронајдена мртва. Весникот објави дека Вега тврдела дека Јанг ја ограбил со пиштол откако ја завршила смената во стриптиз клуб во Феникс во октомври 2020 година.

Истражителите велат дека Јанг им платил на две лица да го преземат автомобилот во кој Вега била пронајдена мртва и дека бил поврзан со авионски билети купени од двајцата осомничени.

Во некролог, Вега е опишана како одлична ученичка, виолинистка која „секогаш се залагала за другите и ги заштитувала оние кои не можеле да се заштитат себеси“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата