Принцот Хари денеска изгуби правен спор против промените во полициската заштита што ги донесе британската влада откако одлучи да се повлече од кралските должности со својата сопруга Меган, која е Американка.
Хари, помладиот син на кралот Чарлс, се обиде да ја поништи одлуката на Министерството за внатрешни работи кое во февруари 2020 година одлучи дека нема автоматски да добива лично полициско обезбедување додека е во Британија.
Минатата година судот во Лондон пресуди дека одлуката е законска, како и тројца судии на Апелациониот суд кои рекоа дека, иако Хари разбирливо се чувствувал оштетен, одлуката не претставува правна грешка.
Хари (40) живее во Калифорнија со Меган и нивните две деца.
Неговите адвокати рекоа дека неодамна Ал Каеда му се заканувала со убиство и оти тој и Меган биле вмешани во опасна автомобилска потера со папараци во Њујорк во 2023 година. ј