Нова закана е загадување на езерото од неправилно фрлање на отпад од овошатарниците и хемиски отпад. Под мотото "Преспа -Разбуди се за чиста животна средина " во организација на Институтот за комуникациски студии и „Еко герила Преспа“ поддржано од ЕУ почнува кампања за заштита на езерото и прескпанскиот регион.
Климатските промени го сушат Преспанското Езеро. Водостојот на езерото се намалува, само калта како сведок потсетува на намалените ниските колични на дожд и снег. И човекот е на списокот фактори користењето на водата за системите за наводнување од страна на Грција, Македонија и Албанија, како и користењето на водите од реките кои се влеваат во езерото за хидроцентрали. Екологистите и земјоделците стравуваат дека со повлекувањето на езерото се заканува еколошка катастрофа на езерото. Но, најголем страв е дека треба итни мерки за заштита на намалениот водостој на езерото од загадување од отпадни води од септичките јами и фрлањето на отпад во реките кои се влеваат во езерото и го загадуваат. Марија Крлепуровска е адвокат, но традиционално го работи овоштарството. Таа е позитивен пример млад човек, сака да остане во родниот покрај адвокатурата таа останува верна на традицијата во ресенски крај и одгледува јаболка.
„Колку побрзо сите земјоделци користат органски супстанци за прскање толку во иднина ќе оставиме здраво езеро и чиста животна средина“, раскажува Марија Крлепуровска.
Градоначалникот на општина Ресен Јован Тозиевски објаснува дека нема потврда за зголемена количина на пестициди во езерото. Но, она што треба е итно регулирање на целиот отпад во општината.
„Премногу се скапи пестицидите за да се фрлаат, но она што останува проблем е ниската свест на начинот на одлагање на отпадот од амбалажата од пестицидите“, изјави Јован Тозиевски градоначалник на општина Ресен
Од хидробилошкиот завод Охрид објаснуваат дека потребна е едукација на земјоделците во делот на одложување на органски отпад и пестициди, фекалните води и чистење на мртвите трски. Она што е позитивно е што општината вложува во изградба на прочистителни станици што се најважни за чисто езеро.
„Органското загадување, којшто во себе го вклучува и фекалното загадување од комуналните води од домаќинствата, како и нутриентите азотот и фосфорот кои се во езерскиот еко систем го збогатуваат езерто со нутриенти органски материи. Сето ова го искористува важниот елемент кислородот и доведува до безкислородни услови. А без кислород нема опстанок на живиот свет во еден еко систем“, објасни д-р Елизабета Велјановска Сарафилоска
Од министерството за животна средина за Канал 5 потврдија дека моноторинг на квалитетот на водата во делот на загадување од пестициди не се врши континуирано и нема информација дали ваков тип на мониторинг во моментот спроведува некоја институција.