Преку беби монитор „ја уловил“ сопругата, па се шокирал кога видел со кого е во кревет (ВИДЕО)

3.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Преку беби монитор „ја уловил“ сопругата, па се шокирал кога видел со кого е во кревет (ВИДЕО)

Деклан бил во брак со Стефани (22) со која ја има двегодишната ќерка Вилоу. Минатиот септември парот му дозволил на таткото на Деклан, Дарен (44) да се пресели во нивниот дом во Велика Британија, каде што се случила наводната афера.

Овој Велшанец тврди дека бил на работа денот кога сопругата го изневерила и решил да го провери „бејби мониторот“ на својата ќерка на мобилниот телефон. На видеото видел како Стефани оди во спалната соба со својот свекор за да се препушти на попладневната забава.

– Болно е, не е нормално – како можеше татко ми да ми го направи ова?, праша вознемирениот Деклан.

Вели дека тоа целосно го откачило и дека едвај го задржал бесот.

– Да не се вразумев, не знам што ќе му направев на татко ми – рече тој.

Кога се соочија со инкриминирачки докази, Стефани и Дарен негираа дека направиле нешто погрешно. Наместо тоа, тие тврделе дека едноставно биле во спалната соба за заедно да ги гледаат Симпсонови.

Деклан не поверувал во тоа објаснување и веднаш раскинал со сопругата, а таа веднаш започнала романса со бившиот свекор.

– Не го изневерив Деклан. Дарен и јас почнавме врска една недела откако Деклан ме отфрли, тврди Стефани.

Во неверојатен пресврт, Стефани сега е бремена со близнаци, чиј татко е нејзиниот поранешен свекор.

– Жал ми е за тие деца; тие доаѓаат во многу скршено семејство, рече Деклан, додавајќи дека неговата ќерка ќе биде и полусестра и братучетка на близнаците што наскоро ќе се родат.

И покрај неговото скршено срце, Деклан вели дека успева да ги игнорира семејните расправии.

– Се чувствувам изневерено, но подобро ми е без нив двајца, рече тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата