Тој ја запознал својата девојка Џордон Хадсон, која има само 23 години, во 2021 година кога седеле еден до друг во авион. Џордон е навивачка, која тогаш имала 20 години, а тој 69. Потоа таа му побарала автограм во нејзиниот лексикон, а тој побарал да останат во контакт, објави Пејџ Сикс.
Дури во јуни годинава се појави веста за нивната врска, откако Беличик ја раскина 16-годишната врска со Линда Холидеј (61). Откако тој и неговата нова девојка беа видени во јавноста, многу брзо младата навивачка почна на својот „Инстаграм“ да ги покажува своите патувачки авантури и како уживаат и покрај осудите од јавноста.
Дваесет и тригодишната девојка објави галерија од фотографии на кои, како што вели, „го сумирала летото“. На нив може да се видат прекрасни пејсажи, но и романтични патувања низ Хрватска.
Поради оваа разлика во години, Џордон ја нарекуваат „спонзоруша“, а кога некој ќе ја бранел во коментарите, таа само би ставила лајк.