Мајка има над 800 тетоважи- не ѝ дозволуваат да влезе во продавница: Сум плашела деца (ВИДЕО)

20.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мајка има над 800 тетоважи- не ѝ дозволуваат да влезе во продавница: Сум плашела деца (ВИДЕО)

Ги има по целото тело, а не го изостави ниту лицето кога се во прашање тетоважите. Сепак, како што наведува, тешко ѝ е нешто во кое ужива да послужи како причина другите да ѝ ги „отежнат“ секојдневните обврски.

Колку и да се чувствуваше добро во нејзината шарена кожа, дури и работи како одењето во супермаркет ѝ се проблем. Кога ќе го земе своето дете со себе и ќе оди на шопинг, таа не може да не ги забележи погледите, гласните шепоти за нејзиниот изглед. Поради ова, кај неа се јавува страв, а таа се обидува да му објасни на детето дека не е правилно да се суди за туѓите одлуки.

- Само сакам да ме третираат како обичен човек. Дури и продавачите имаат ужасен поглед кога ќе влезам во продавница или маркет. Наместо да може слободно да одам и да се движам, ова стана доста предизвикувачко. Затоа го праќам детето или партнерот да оди да купува – вели таа, пренесува Дејли Меил

Има повеќе од 800 тетоважи, но за неа се премалку. Како што наведува, тешко се соочувала со зјапањата и шепотењата, а потоа отишло чекор понатаму.

- Ме замолија да ја напуштам продавницата, бидејќи таму имаше неколку деца. Не можам да влезам ни во кафеани и да седнам сосема опуштено – рекла Британката Мелиса.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата