Музичарот на почетокот на февруари го објави спотот „Doin That“, а гледаноста нагло се зголеми по информацијата дека „во него се појавува полицајка од Њујорк“,пренесува TMZ.
Од самиот почеток, гледачите можат да ги видат раперот S-Quire и жена како танцуваат и тверкаат провокативно во долна облека.
NYPD detective under fire over raunchy pole-dancing video: ‘I have no words’ https://t.co/ITyExHpuZf pic.twitter.com/RrqxdUFfxy
— New York Post Metro (@nypmetro) March 6, 2025
Таа не е именувана во видеото, а извори блиски до полицијата за Њујорк пост потврдиле дека „тоа е детективката Меркадо“.
Се вели дека заработува 144.000 долари годишно и работи во единицата одговорна за Бронкс.
Видеото секако привлече внимание, а се чини дека Меркадо - ако навистина е таа - не ги прекршила правилата на њујоршките „сини“.
„Она што таа го прави нема никаква врска со нејзината работа. Таа не носи полициски ознаки, ниту на видеото стои каде работи“, вели извор близок до полицискиот синдикат.
Од друга страна, се наведува дека би требало да поднесе извештај за дополнителен ангажман, надвор од работното време, доколку ѝ бил платен.
Споменатата детективка се уште не ја коментирала приказната.