Почина Џорџ Вент: Семејството на познатиот актер соопшти тажна вест

21.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почина Џорџ Вент: Семејството на познатиот актер соопшти тажна вест

Вент беше клучна фигура во серијата од 1982 до 1993 година. Според TMZ, тој мирно починал во својот дом во вторникот наутро. Причината за смртта не е веднаш објавена, пренесува „Сан“.

Семејството соопшти: „Џорџ беше посветен семеен човек, сакан пријател и доверлив човек за сите што имаа среќа да го познаваат. Засекогаш ќе ни недостасува. Семејството побара приватност во овој период.

Смртта доаѓа точно 32 години по последната епизода на „Cheers“, емитувана на 20 мај 1993 година.

Фановите го познаваат Џорџ по улогата на Норм Питерсон во сите 275 епизоди. За оваа улога доби шест последователни номинации за „Еми“ за најдобра споредна улога.

Во интервју во 2021, тој изјави: „Норм сум јас со подобро сценарио.“ На аудицијата за серијата, неговата единствена реплика била: „пиво.“

По „Cheers“, доби сопствена серија – „The George Wendt Show“, која беше откажана по шест епизоди. Серијата го следеше животот на двајца браќа кои поседуваат гаража и водат радио емисија.

Џорџ се појави и во серии како „Taxi“, „Soap“, „MAS*H“, „The Simpsons“, „Sabrina the Teenage Witch“ и „The Goldbergs“. Исто така глумеше во филмови како „Dreamscape“, „House“, „Fletch“, „The Little Rascals“, „Spice World“, „Airplane II“, и други.

Почнал како импровизатор во скеч-комедија пред да стане познат во Холивуд. Во 1991 година беше домаќин на Saturday Night Live.

Настапувал и на Бродвеј – како Една Трнблад во „Hairspray“ (2007) и како Дедо Мраз во мјузиклот „Elf“ (2010). Последен пат се појави во „The Masked Singer“ во 2023 година.

Џорџ е роден во Чикаго, студирал на Нотр Дам, но бил исфрлен. Дипломирал на „Rockhurst College“, а работел и во канцеларијата за недвижности на својот татко. Во 1978 се оженил со актерката Бернадет Биркет, која ја гласовно толкуваше неговата сопруга во „Cheers“. Заедно имаат три деца: Хилари, Џо и Даниел. Џорџ е исто така вујко на актерот Џејсон Судејкис.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата