Питон од 3,5 метри излегол од тоалетот и го каснал маж за половиот орган: Крв имаше насекаде

30.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Питон од 3,5 метри излегол од тоалетот и го каснал маж за половиот орган: Крв имаше насекаде

Локалните медиуми објавија дека влегол во бањата да мокри, но не забележал дека питон долг 3,5 метри се крие во тоалетот.

Во паника ја повикал сопругата

Штом се приближил, змијата го зграбила за гениталиите, по што паднал на подот, од болка.

Во паника ја повикал сопругата и се обидел да се ослободи од нападот на огромната змија. Имало крв насекаде, а пред да ја изгуби свеста, успеал да ја врзе главата на питонот со јаже и да ја обеси на вратата.

Снимки на интернет

Итната помош пристигнала во неговиот дом, по што бил однесен во болница. Лекарите го задржале на лекување и заклучиле дека изгубил многу крв, објавува „Мирор“.

На социјалните мрежи кружат снимки од питон како е извлечен од канализацискиот систем, а потоа вратен во дивината. Се верува дека стигнал до тоалетот на Атапорн пливајќи низ цевките.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата