Властите велат дека тој сакал да го паркира својот мерцедес во близина на локалните гробишта, но работите брзо тргнале наопаку, пишува Билд.
„Прво имаше тресок“
Сѐ уште не е јасно дали пензионерот наместо кочница притиснал на педалата за гас, а луксузното возило излетало низ ограда, забрзало по асфалтираната патека и соборило најмалку 15 надгробни споменици.
Сведок на инцидентот бил работникот на гробиштата Јоцен Козел (46).
„Прво се слушна силен удар. Автомобилот помина низ живата ограда, се вртеше во воздух и слета на гробовите. Потоа почна да чади“, рече тој.
Заврши во болница
Козел ја алармирал полицијата и итната помош. Несреќниот пензионер бил извлечен од излетаниот мерцедес кој неколку секунди подоцна се запалил.
Пожарникарите брзо пристигнале и го изгаснале пожарот, а повредениот бил пренесен во болница.
Во текот на денот на местото на инцидентот пристигнале жители чии семејни гробови биле уништени. Меѓу нив била и вдовицата Моника Туњиќ (47).
„Бев во црква кога ќерка ми ме повика. Веднаш дојдов. За среќа, надгробната плоча не беше оштетена, само ламбата беше превртена“, рече таа.