„Постојаните ограничувања и бирократските пречки“ наметнати од паравоените Сили за брза поддршка спречуваат помошта да стигне до оние на кои им е потребна. Светот гледа и неприфатливо е хуманитарната заедница во Судан да не може да обезбеди витална помош“, рече Клементин Нквета-Салами, хуманитарна координаторка на ОН во Судан.
Армијата го контролира северниот дел на Судан, а паравоените Сили за брза поддршка го контролираат речиси целиот Западен Дарфур. Градот Ел Фашир е единствениот во Дарфур, кој не е под нивна контрола.