Труман тогаш на Данска и понудил 100 милиони долари в злато, или 1.6 милијарди долари во денешна противвредност.
Дополнително, администрацијата на Трамп размислува да ги зголеми субвенциите за Гренланд на над 600 милиони долари годишно, со што вкупната куповна цена е зголемена до 2,2 милијарди.
Трамп неколку пати изјави дека САД ќе го контролираат Гренланд и објави видео во кое ги истакна безбедносните гаранции на САД во минатото и подготвеноста да се продолжи со нив поради заканите од Русија и Кина.
Данска и Гренланд ја одбија идејата за продажба на островот. Новиот премиер на поларниот остров, Јенс-Фредерик Нилсен, изјави дека „САД нема да го добијат Гренланд“.