Невработен пар од Германија добива 3.400 евра од државата: Грешка е во системот, не ни е гајле

21.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Невработен пар од Германија добива 3.400 евра од државата: Грешка е во системот, не ни е гајле

Поради системска грешка имаат доплати, па не мора да се грижат за егзистенција, пренесува Фокус.

Мајк открил дека добиваат 250 евра детски додаток месечно, потоа 250 евра надомест за дете, 1.288 евра помош за невработеност и 1.600 евра граѓански додаток.

Младиот пар (имаат син Луис) всушност имаат право на само 600 евра граѓански додаток за Анжелик - наместо 1.600 евра, но нивниот месечен „приход“ изнесува неверојатни 3.400 евра.

Приказната звучи како филм, а Мајк истакнува дека не му е грижа поради грешката во системот.

„Немам поим, главна работа е што добиваме толку многу пари. За останатото не ми е грижа“, признал тој.

Неговата сопруга додава: „Сакаме да му посветиме целосно внимание на нашиот син. Јас сум повеќе семејна личност отколку некој што оди некаде да работи“.

Овој пар размислувал какви други финансиски придобивки би можеле да остварат.

„Размислувавме што друго можеме да пријавиме. Веројатно за помош за домување. Можеби ќе го добиеме“, искрен е Мајк.

Тие нагласуваат дека не чувствуваат каење и заклучуваат: „Навистина добиваме многу од државата, но не мислиме дека тоа е експлоатација.“

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата