Не добил помфрит во фаст-фуд во Тексас, се пожалил, па вработена почнала да пука по него(ВИДЕО)

27.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Не добил помфрит во фаст-фуд во Тексас, се пожалил, па вработена почнала да пука по него(ВИДЕО)

На видеото се гледа како вработена во фаст фуд, еден од рестораните на синџирот за брза храна Џек-ин-д-Бокс, пука со пиштол кон еден муштерија, кој се пожалил дека не ја добил неговата нарачка помфрит.

На видеото е прикажан прозорецот на еден ресторан за брза храна во Тексас. Се гледа како вработени му предаваат кеса со храна на возачот, кој потоа се жали. Вработена, вооружена со пиштол прво фрла кесички со кечап кон незадоволниот клиент, а потоа пука во автомобилот што се оддалечува од ресторанот.

Инцидентот се случил во март 2021 година во Хјустон, а семејството на возачот оттогаш поднесе тужба против ланецот за брза храна Џек-ин-бокс и неговата вработена, Алони Форд-Териот, кои на крајот се изјаснија за виновни за кривично дело потенцијално смртоносно однесување..

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата