Клеопатра VII Теа Филопатор, египетската кралица од династијата Птоломеј, била жена каква во нејзиното време не се гледала секој ден. Таа била лингвист, дипломат, поморски командант, била жена која знаела што сака и главно и го добивала тоа.
Се споменува во многу историски извори, а нашироко се верува дека Клеопатра била една од најголемите убавици во историјата на светот. Вистина е дека оваа позната кралица, иако била заводничка, физички не се разликувала многу од своите слугинки и дека нејзиниот опис не одговарал на стандардите за убавина на нејзините современици. Била жена со тесно чело, коскесто лице, остра брада и многу изразен нос, но, секако, била фатална и извонредна. Наводно била женствена и маѓепсувала на секој чекор со нејзиниот мирис и благодарение на негата на кожата за која многу размислувала, била многу младолика и атрактивна.
Што Клеопатра правела поинаку?
Судејќи според изворите, таа користела техники за нега кои биле толку прогресивни што се користат и денес, а ова се само некои од нив.

Сол од Мртвото Море
На Клеопатра рано и рекле дека солта од Мртвото Море има многу лековито дејство, па затоа ја користела во нејзината секојдневна нега. Не е познато дали таа целосно разбрала како делува и кој е нејзиниот потенцијал, но познато е дека таа ги надополнувала изгубените есенцијални минерали и биле клучен дел од нејзината рутина за убавина.
Кајал
Шминката им била многу важна на Египќаните, а тие се сметаат за пронаоѓачи на ајлајнерот. Клеопатра користела кајал со кој ги истакнувала очите и ја штител и од сонце и од инфекции.
Маски за лице
Египетската кралица наводно користела маски за лице на база на млеко и мед, благодарение на што постигнувала длабока хидратација на кожата.

Капење во млеко
Можеби најинтересниот и најпознат детаљ за тајните на убавината на познатата Клеопатра е оној за капењето во млеко. Млечните киселини денес се надалеку познати по тоа што се одличен пилинг и ефикасни за подмладување, па постојат многу производи на нивна база (ако навистина не сакате литри и литри млеко).
Масла
Египќаните обилно ги користеле сите достапни масла, а нивната кралица го користела маслото од сусам за нега на убавина, што сега го препорачуваат и медицината и традиционалните техники ширум светот. Благодарение на нив ја спречувала појавата на брчки и го одржувала младешкиот изглед.
Кана
Денес, каната обично има декоративна и церемонијална улога во источните култури, а некогаш била популарна како лак за нокти. Клеопатра со неа правела маникир, а во меѓувреме е утврдено дека делува и како заштита на плочката на ноктите.