Науката открива зошто некои луѓе се самци толку долго време

30.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Науката открива зошто некои луѓе се самци толку долго време

„Нашите резултати сугерираат дека и социодемографските фактори, како што се образованието и психолошките карактеристики, на пример, моменталната благосостојба, можат да помогнат во објаснувањето кој ќе влезе во романтична врска, а кој не“, изјави коавторот Михаел Кремер од студијата, објавена во Journal of Personality and Social Psychology.

Наодите доаѓаат во време кога сè помалку луѓе влегуваат во врска. Според „Економист“, процентот на Американци на возраст од 25 до 34 години кои не живеат со сопружник или партнер се дуплирал во последните 50 години, достигнувајќи 50 проценти кај мажите и 41 процент кај жените.

Што ги зголемува шансите некој долгорочно да остане без партнер

За да видат кои фактори би можеле да бидат поврзани долгорочната самотија, истражувачите следеле повеќе од 17.000 луѓе од Обединетото Кралство и Германија. Тие ги вклучиле учесниците во истражувањето на 16-годишна возраст, без претходно искуство во врските, и периодично, до нивната 29 годишна возраст, ги испитувале нивните карактеристики и демографски податоци.

Студијата открила неколку изненадувачки модели поврзани со долгорочната самотија. Истражувањето вклучувало и млади мажи со пониско ниво на имотна состојба, повисоко ниво на образование, и оние кои живееле сами или со своите родители. Од друга страна, истражувањето сугерира дека живеењето со пријатели или цимери може да ги зголеми шансите за наоѓање партнер.

Авторите не навлегле во тоа зошто поинтелигентните луѓе имаат поголема веројатност да не влезат во врска. Сепак, ова отстапува од претходната студија во 2018 година, која открила дека поинтелигентните луѓе имаат поголема веројатност да стапат во брак и да останат во брак.

Влијание на благосостојбата

Потоа истражувачите разгледувале како кај луѓето без партнер, во споредба со оние кои биле во врска, се менува задоволството од животот, чувството на осаменост и нивото на депресија. Тие откриле дека оние кои биле слободни подолго време имале поголема веројатност да доживеат пад на задоволството од животот и зголемување на осаменоста.

„Недостатоците на благосостојба станаа поизразени кон крајот на дваесеттите години“, навеле истражувачите. Ова исто така се совпаѓа со повисоките нивоа на депресија. Сличен модел е забележан и кај мажите и кај жените. Истовремено, влегувањето во прва врска е поврзано со видливо подобрување на благосостојбата.

Кремер заклучува дека „долгорочната осаменост во младоста е поврзана со умерени ризици по благосостојбата“. Општо земено, колку подолго некој бил слободен, толку поизразени биле негативните ефекти. Студијата, исто така, сугерира дека е потешко да влезете во прва врска колку повеќе наближувате до триесеттите години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата