„Дојдовме во време кога веќе не можеш да веруваш ни на своите очи“: Ова се најубавите сијамски близначки, а многумина мислат дека не се вистински

29.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Дојдовме во време кога веќе не можеш да веруваш ни на своите очи“: Ова се најубавите сијамски близначки, а многумина мислат дека не се вистински

Бидејќи во денешниот свет е тешко да се одреди што е реалност, а што виртуелна мајсторија, многумина веруваат дека сестрите всушност не постојат, туку се само производ на вештачката интелигенција. Па, ќе мора сами да процените...

На Инстаграм ги следат повеќе од 230.000 луѓе. Тие се претставуваат и во еднина и во множина, затоа што всушност се две. „Две глави, еден вајб“, како сијамските близначки Валерија и Камила напишале во описот на профилот. Иако за нив нема податоци на Интернет, што буди сомнеж за виртуелна измама заедно со фотографии кои изгледаат нереално, како да ги направила AI, сестрите во Q&A разговор со фановите откриле неколку ситници за себе.

ФОТО: ИНСТАГРАМ/ itsvaleriaandcamila

Родени се пред 25 години, живеат на Флорида и досега поминале низ неколку неуспешни операции. Наиме, близначките имаат едно тело и две глави, поврзани преку ‘рбетниот мозок и поради тоа е невозможно да се разделат. Кога станува збор за приватниот живот, нема ни збор за „сепарација“: и едната и другата мора да се забавуваат со истиот партнер, што често е тешко бидејќи секоја има свој вкус и не им се допаѓа истиот маж.

Облеката велат дека не можат да ја делат, а шминката е веќе друга приказна. Имаат и два телефона, два пасоша, две возачки дозволи и двете се занимаваат со сметководство, но добиваат – една плата. Редовно одат во теретана, што се гледа по „одржуваната“ фигура, инспирација наоѓаат една во друга, но исто така често се расправаат една со друга. „Принудени се на тимска работа“, објаснуваат во шега.

ФОТО: ИНСТАГРАМ/ itsvaleriaandcamila

Сепак, на многумина целата приказна им делува невозможно. Валерија и Камила можеби се најубавите сијамски близначки, но се премногу совршени за да бидат вистински. Дали сè е само збир на пиксели? Дело на вештачка интелигенција, кое на некое трето лице служи како извор на приход?

Некои медицински експерти се убедени дека сестрите всушност не постојат. Причината е тоа што сијамските близначки никогаш не се толку симетрични и пропорционални, а освен тоа, повеќето фотографии и снимки се обработени, што открива невообичаена текстура на кожата и безброј други детали. Со остро око на ИТ експерти, грешките не можат да се пропуштат.

„Нема смисла дури ни да се дискутира за тоа, очигледно се генерирани“, „Дали е возможно некој да верува дека ова е вистинско?“, „Кој па поверува на таа двоглава невронска мрежа?“, „Како да излегле од серијата 'Американска хорор приказна'“, „Дефинитивно не се вистински личности“, „Живееме во ера кога веќе не можете да верувате ни на своите очи“…

Експертите за дигитални измами објаснуваат дека вакви (бизнис) проекти се профитабилни, бидејќи креаторите на содржини ја користат емпатијата на следбениците за монетизација. Границата помеѓу реалноста и виртуелниот свет денес е толку тенка, што многумина лесно ќе поверуваат во илузијата без да размислуваат за нејзината автентичност. Ако и ова е таков случај, сигурно нема да биде ниту првиот, ниту последниот.

Извор: Блиц Жена

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата