Најопасна професија на светот – работник кој „молзи“ скорпии поради нивниот отров (ВИДЕО)

21.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најопасна професија на светот – работник кој „молзи“ скорпии поради нивниот отров (ВИДЕО)

Следната снимка предизвика возбуда на интернет, а корисниците ја опишуваат како „фасцинантна“ и „застрашувачка“, пишува Times Now News.

Каде се користи?

На интернет може да дознаете дека секоја скорпија произведува околу два милиграми отров дневно, кој се „молзи“ со помош на пинцети и специјални држачи.

Еден литар од отровот наводно се продава за милиони долари на светскиот пазар, а понатаму се користи во медицината и козметичката индустрија.

Гледачите беа воодушевени од снимката на фармата и целата приказна, а нивните коментари кажуваат сѐ.

„Мало суштество, но лудо вредно“

„Комплексноста на природата никогаш не престанува да ме воодушевува“, „Интригантно е како и најмалите суштества можат да дадат вредни придонеси за науката“, „Мало суштество, но лудо вредно“, „Скорпиите буквално вредат злато“, беа дел од пораките.

Некои беа изненадени кога видоа работници како го поминуваат своето време на фарма, а илјадници отровни суштества лазат пред нивните нозе.

„Кошмар! Никогаш не би можел да го работам ова“, напишало едно лице.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата