Најголемиот меѓународен аеродром во Романија ќе има нов терминал

10.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најголемиот меѓународен аеродром во Романија ќе има нов терминал

 Проектот, проценет на 40 милиони евра, е посочен како најголем и најкомплексен проект за аеродромска инфраструктура во земјата.

Новиот терминал треба да биде готов до 2040 година, а ќе има приближна површина од 176.000 квадратни метри. Ќе може да опслужува 30 милиони патници годишно, а кога ќе има гужви ќе можат да бидат опслужени 6.500 патници на час.

Проектот има за цел да користи зелени и модерни технологии, вклучително и вештачка интелигенција, на новиот терминал. Ќе биде дизајниран според највисоките стандарди за Шенген и надвор од Шенген зоната и ќе има големи простори за пристигнување, заминување и транзитни патници. Терминалот ќе се гради модуларно за да може постепено да биде пуштен во употреба, а меѓу него и сегашниот терминал ќе има патишта и подземни премини.

Објектот ќе има модерни постојки за такси и јавен превоз, како и специјално одредени места за автобуси за да се избегне сообраќајниот метеж. Ќе биде поврзан и со патната и со железничката мрежа. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата