Над 40 отсто од Аргентинците живеат под прагот на сиромаштија

28.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Над 40 отсто од Аргентинците живеат под прагот на сиромаштија

Според податоците објавени од националниот Институт за статистика – Индекс, во првата половина на 2023 година дошло до зголемување на процентот на луѓе кои живеат во сиромаштија за 0,9 отсто во споредба со втората половина на 2022 година.

Во Аргентина, едно лице се смета за сиромашно ако домаќинството во кое живее не може да си дозволи основни производи за широка потрошувачка.

Податоците се објавени само нешто повеќе од три недели пред претседателските избори во Аргентина, забележува ДПА.

Втората по големина економија во Јужна Америка е во канџите на тешка финансиска и економска криза. Инфлацијата е 124 отсто, курсот на националната валута, пезосот, е во слободен пад, а планината од долгови продолжува да расте.

На 22 октомври Аргентинците ќе изберат наследник на левичарскиот претседател Алберто Фернандез.

Либертаријанскиот популист Хавиер Мили, за кој се вели дека е идеолошки близок со поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро и поранешниот американски претседател Доналд Трамп, победи на прелиминарните избори, а владејачкиот перонистички табор ќе го претставува министерот за економија Серхио Маса.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата