На многумина им падна во очи часовникот на Ѓоковиќ на последното интервју: Еве колку чини „ЖОЛТАТА МАГИЈА“

27.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На многумина им падна во очи часовникот на Ѓоковиќ на последното интервју: Еве колку чини „ЖОЛТАТА МАГИЈА“

Новак Ѓоковиќ веќе извесно време соработува со швајцарскиот бренд за часовници Hublot. Често на раката на Новак можеме да видиме различни модели на часовници од овој бренд, кој го спонзорира Ѓоковиќ, а соработката на Hublot му се исплатеше повеќекратно, бидејќи тие ја добија најдобрата можна реклама за Новак да крева рекорди на Грен слем со часовникот на зглобот.

Најновиот модел, кој Новак го носеше додека разговараше за PTPA за  желбата дека сака да им помогне на повеќе тенисери и тенисерки, особено го привлече вниманието поради впечатливата боја.

Новак за тоа интервју го избра моделот Big Bang Unico Yellow Magic.

Овој модел е произведен во само 250 примероци. Има куќиште од 42 милиметри, рамката е од жолта керамика. Преку куќиштето се гледа механизмот, а впечатливи се и стрелките и бројките во жолта и црна боја.

Цената на овој модел е 28.300 долари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата