Мултимилионерите Карин Валтер-Момерт и основачот на ланецот продавници за електроника „Медиамаркт“, Валтер Гунц, го финансираат последниот обид за спасување на грбавиот кит Тими,кој од крајот на март е насукан во залив во Балтичкото Море, на северниот брег на Германија..
Последниот обид за спасување на залутаниот кит започна и покрај критиките дека има мали шанси за успех и дека може дополнително да му наштети на 12-тонското животно.

