Меланија Трамп во мемоарите откри како ја освоил Доналд: Бевме сами во автомобилот

28.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меланија Трамп во мемоарите откри како ја освоил Доналд: Бевме сами во автомобилот

„Време е да ја кажам мојата приказна и вистината“, рече таа и почна со потсетување на необичниот прв состанок на кој сега нејзиниот сопруг ја освоил.

Според неа, Трамп во времето кога се запознале веќе бил познат како американски бизнисмен, па не можеле да одат во ресторан, кафуле или кино. Наместо тоа, Трамп ја одвел на посебно место, каде што можат да имаат приватност. Заедно отишле да го разгледаат имотот што тој имал намера да го купи, а Меланија го опишала тој прв состанок како многу убав.

„Бевме сами во автомобилот околу час или час и половина. Немаше друга врева, немаше други луѓе. Тој веќе беше славна личност во тоа време, па беше навистина убаво само да се биде сам со него“,рече Меланија и додаде: „Ја сакав визијата што ја имаше. И врската што ја имавме. Беше многу посебно“.

Дополнително, Меланија откри каква била нивната свршувачка.

"Тоа беше мојот роденден. И се одржуваше Мет Гала. Сето тоа во една вечер. Ние веќе бевме дома, и двајцата во гала изданија", се присети Меланија ноќта кога Трамп ја запросил по враќањето во нивниот заеднички дом. Тие се венчаа во јануари 2005 година.

Во пресрет на новите претседателски избори, поранешната манекенка проговори за страната на Трамп која ја гледаат само најблиските. И додека делува многу остро во своите говори, Меланија ги издвои причините поради кои е вљубена во него: "Неговиот хумор, личност, добрина. Тој е многу посебен. Неговата позитивност. Неговата енергија. Тоа е неверојатно".

За потсетување, ова се нејзини први мемоари. Канцеларијата на Меланија ги опиша како моќна и инспиративна приказна за жена која го трасирала својот пат, ги надминала сите неволји и ја „дефинирала личната извонредност“.

„Поранешната прва дама „ги поканува читателите во својот свет, нудејќи им интимен портрет на жена која живеела, и продолжува да живее, извонреден, необичен живот“, стои во најавата на книгата. Меланија е полна со лични приказни и семејни фотографии кои не ги споделила со јавноста.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата