20 – годишен син ја тужел мајка си зашто ја фрлила неговата колекција стрипови, добила казна

27.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
20 – годишен син ја тужел мајка си зашто ја фрлила неговата колекција стрипови, добила казна

Двајцата живееле заедно, а 64-годишната жена решила да ослободи простор во станот, па се ослободила од стрипот „Напад на Титан“.

Кога младиот човек сфатил дека ја загубил колекцијата, веднаш повикал полиција, а подоцна поднел тужба за уништување личен имот.

Пред судот тој тврдеше дека отфрлените стрипови се исклучително вредни, дека одредени изданија повеќе не се печатат, па може да се сметаат за колекционерски предмети.

Од друга страна, мајката се расправала дека стриповите се влажни и зафаќаат простор, па имала право да ги исфрли од својот стан.

Таа изразила желба да се смири со синот, но тој одбил, пренесува Oddity Central.

„Инцидентот“ се случи во февруари, но надлежниот суд дури неодамна донесе пресуда. Мајката е казнета со 160 долари, кои може да ги замени со општествено корисна работа.

„Нејзиното непочитување на имотните права на нејзиниот син беше несоодветно“, рече судијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата